(Фото) Сестрите Кардашијан пред естетските операции

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан, објави на „Инстаграм“ фотографија со нејзините сестри, направена пред да направат операции.

На фотографијата се Ким, Клои, Кендал и Кајли. Фановите им напишаа дека се речиси непрепознатливи, поради низата хируршки интервенции и промени на нивните лица и тела.

Ким деновиве беше главна тема во медиумите, особено по најавата дека повеќе нема да се снима нивното реално шоу, како и нејзиниот сопруг Канје Вест, на кого „Твитер“ му го избриша профилот, затоа што објави видео на кое се измоча на наградата „Еми“.

Scroll to Top