Шакира и Жерар Пике на втори февруари направија голема забава прославувајќи ги своите родендени во ист ден. Колумбиската пејачка и фудбалерот се родени во ист ден, со таа разлика што Шакира е постара од својот партнер 10 години. Шакира наполни 42 години, а Пике 32.
Славната двојка доби голем број честитки од фановите на социјалните мрежи. Шакира и Пике се запознаа во Мадрид 2010 година на снимањето на спотот на Шакира Waka, Waka, пред самиот почеток на Светското фудбалско првенство. Двајцата велат дека меѓу нив се појавила љубов на прв поглед. Набрзо потоа почнале и врска.
„Таа е жената на мојот живот. Знаев веднаш кога ја видов првиот пат. Таа беше вистинската“, вели шпанскиот фудбалер Пике.
Славната двојка не е венчана, но живеат заедно и имаат два сина, Милан (6) и Саша (4). Иако во одредени периоди се говорело дека пејачката има намера да го остави фудбалерот поради нејзината наводна зависност од коцкање, сепак такво нешто не се случи.