(Фото) Шакира се вакцинираше па косата ја бојадиса црвена

Препознатлива по својата  руса коса, популарната пејачка Шакира на својот профил на Инстаграм откри дека го променила изгледот, и дека од сега косата ѝ е црвена.

„Подготвена да излезам од дома на снимање на нови видеа, да запознаам интересни луѓе и да започнам со нови соработки. Сето тоа благодарение на мерките на претпазливост и вакцината – напиша Шакира.

„Совршена си“, „Секогаш убава“, „Те обожавам“, „Оваа боја совршено ти одговара“, се само некои од коментарите на нејзините фанови.

Scroll to Top