Британската глумица Сиена Милер по 13 години го облече истиот „Барбери“ фустан што го носеше на црвениот тепих на Мет Гала во 2006 година за да прошета на црвениот тепих во Лондон, пишуваат медиумите. Таа два пати го облекува светкавиот златен фустан со црн ремен во комбинација со црни дебели хулахопки и мала чанта. Стилистите коментираат дека Милер и по 13 години изгледа секси во истата модна комбинација.