(Фото) Синот на Бекам фатил девојка која личи на мајка му

Бруклин Бекам најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, од неодамна е во врска со Хана Крост, која според коментарите на неговите фанови, многу личи на неговата мајка Викторија.

Бруклин неодамна објави интимна фотографија на социјалните мрежи на која се тој ѝ неговата девојка. Фановите веднаш ја приметиле сличноста која Хана ја има со поранешната членка на групата „Спајс грлс“.

„Зошто таа изгледа како твојата мајка? Мислам дека ова е Викторија на фотографијата“, се само некои од коментарите на обожавателите.

Бруклин веќе некое време аматерски се занимава со фотографирање, па на Инстаграм сподели црно-бели фотографии на кои позира со неговата девојка.

Двојката, старата 2018 година ја испратија во рамки на кругот на семејството на Бекам, а целата вечер споделувале објави од славењето на Инстаграм.

Бруклин својата врска ја потврди и официјално минатиот месец, откако и двајцата биле забележани неколку пати во јавноста.

Scroll to Top