(Фото) Синот на Елизабет Харли рекламира шминки

17-годишниот Демијан, син на глумицата Елизабет Харли, е заштитно лице на новата новата кампања за шминки и производи за убавина на Пат Мекграт, една од најпознатите мејкап-артистки во светот. На првата објавена слика од фотосесијата, Демијан е нашминкан со природни нијанси што ги нагласуваат неговите очи, усни и јаболчниците. Долгата коса му е истапирана, па тој многу личи на својата мајка.

Сепак, фотографијата предизвика негативни реакции во јавноста – обожавателите го критикуваа неговиот изглед, го прашаа дали ќе го менува полот, а имаше и такви што оставија коментар дека „Демијан е уште еден доказ дека светот оди во неповрат“.

Инаку, Елизабет го роди Демијан по врската со американскиот бизнисмен Стив Бинг. Тој прво не сакаше да го признае татковството, но тоа подоцна беше докажано со ДНК-тест. 17-годишното момче неодамна потпиша договор со модната агенција TESS Management во Лондон. Тој глумеше и во неколку серии, меѓу кои и во „Кралско семејство“, каде што главната улога ја имаше неговата мајка.

Scroll to Top