(Фото) Славата не му удри во глава, Хју Џекман ги служи фановите со кафе

Холивудската ѕвезда Хју Џекман, ги изненади своите фанови на „Твитер“ со фотографија на која послужува кафе. Австралискиот актер во моментов се наоѓа на турнејата низ САД под името The Man, The Music, The Show.

Џекман доби пофални коментари од своите фанови, кои го нарекоа како човек од народот.

„Ви благодарам што дојдовте да не гледате во Денвер“, напишал Џекман во описот на фотографијата.

„Го сакам како актер, но и како човек. Во овие ситуации гледаме дека не е искомплексиран и човек на кој славата не му удрила во глава“, се дел од коментарите на фановите.

Ова не е прв пат Џекман позитивно да ги изненади своите обожаватели. Пред точно месец дена, во текот на еден од своите настапи, актерот излегол во пресрет на едно момче, на кого му помогна да ја запроси својата девојка.

Scroll to Top