(Фото) Со фотографии од детството Барак и Мишел Обама ѝ го честитаа роденденот на својата ќерка

Малија Обама, ќерката на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, наполни 24 години. Барак и Мишел споделија пораки и фотографии на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Двојката Обама станаа првпат родители во 1998 година на Денот на независноста на САД. Малија Обама е постарата од двете ќерки.

„Пред 24 години овој ден стана екстра посебен кога твојот прекрасен дух пристигна на овој свет. Многу се гордеам што стана убава, грижлива млада жена. Те сакам толку, толку многу. Со љубов, твојата мајка”, стои во пораката на Мишел Обама.

Поранешниот претседател во меѓувреме сподели фотографија од двајцата кога Малија била бебе, и напиша: „Среќен роденден, Малија. Секогаш биди мое бебе. И јас секогаш ќе бидам тука да те подигнам“, напиша поранешниот претседател.

Малија дипломира на Универзитетот „Харвард“ минатата пролет и неодамна беше избрана од Доналд Гловер да пишува за неговата нова серија на Amazon Prime Video, Hive.

Минатиот месец семејството Обама го прослави роденденот на нивната помлада ќерка, Саша Обама, со фотографии во чест на нејзиниот 21. роденден.



Scroll to Top