(Фото) Со романтична фотографија Џулија Робертс и Даниел Модер прославија 21 годишнина брак

Актерката Џулија Робертс и кинематограферот Даниел Модер прославија 21-годишнина брак. Јулија објави нивна стара фотографија за која рече дека е доказ дека и се случила вистинска љубов.

Двајцата се во брак од 2002 година, а се запознаа две години претходно на снимањето на филмот „Мексиканецот“. Даниел сè уште беше во брак со првата сопруга Вера Стајмберг од која се разведе истата година кога и се венчаше со Робертс. Двајцата имаа интимна церемонија.

„Разводот се случи сам по себе, без мене“, откри Џулија потоа во шоуто на Опра Винфри.

Во 1995 година, таа се разведе од музичарот Лајл Ловет со кого беше две години. Со Даниел има три деца, близнаците Хејзел и Финеус (18) и помладиот син Хенри (16).

Двојката се труди својот приватен живот да го држи подалеку од јавноста, а заеднички фотографии објавуваат само за посебни пригоди, како оваа за годишнината.

„Сакаме да ги заштитиме децата. Не сакаме некој да им ја нарушува приватноста“, рече Џулија Робертс.

 

Scroll to Top