(Фото) Софи Тарнер чека второ дете со Џо Џонас

Ѕвездата на „Игра на тронови“, актерката Софи Тарнер, чека второ дете со пејачот Џо Џонас. Актерката треба да се породи на лето, пишува „Ас викли“, кои објавија слики од бремената Софи.

Двојката во 2020 година ја доби ќерката Вила. „Да ѝ бидам мајка на мојата ќерка ми е омилената работа,“ рече 25-годишната актерка во едно интервју.

Софи и Џо не зборуваат јавно за приватниот живот. Тие долго ја криеја и врската и првата бременост, а ја изненадија јавноста кога тајно се венчаа во Лас Вегас. Сликите од венчавката ги објави нивни заеднички пријател, по што и Софи и Џо открија дека му се лути.

Scroll to Top