Принцезата Кејт Мидлтон сега успешно се врати на кралските должности по битката со ракот, што ја принуди да се повлече од јавниот живот. Таа неодамна го посети Лестер за да ја прослави богатата јужноазиска култура и заедница на градот.
За таа пригода, Кејт избра миди фустан од брендот „Chris Kerr“ со бел топ со заоблен изрез и кремасто плисирано здолниште, кое го носеше под елегантен бел капут.
Како и сите други учеснички на индискиот фестивал на боите, љубовта и пролетта, таа беше должна да ги соблече чевлите, а фотографиите од нејзините стапала се раширија низ мрежите.
Kate Middleton's feet. 🤢🤮🤯😩 pic.twitter.com/CO24HWwSgq
— Prince Max (@MrMaximilan) March 6, 2026
И потоа мрежите „експлодираа“.
Бројни корисници ја критикуваа, а најчестите коментари беа дека на принцезата итно ѝ е потребен педикир.
„Кејт Мидлтон, идната кралица на Англија, има стапала како на кокошка“, „Со сите тие пари, не помисли ли да си ги среди?“, „Дали е ова вештачка интелигенција? Како може принцеза да има вакви стапала?“, „Барем можеше да си ги скрати ноктите“, „Толку многу луѓе се грижат за нејзиниот изглед, но никој не се грижи за нејзините стапала“, се само дел од коментарите.






