Голем број естетски хирурзи тврдат дека убавината која ја поседува Меган Маркл, не е дар на природата, туку дека војвотката направила во минатото неколку хируршки интервенции на нејзиното лице.
Хирурзите анализирајќи ги фотографиите од тинејџерските години на Меган, велат дека јасно можат да се видат направените интеревенции. Нејзиниот нос изгледа покрупно, иако Меган никогаш не признала дека била подложна на каква било естетска интервенција.
Експертите се согласуваат дека носот на поранешната актерка не е целосно совршен, затоа што на еден дел има мал белег, кој е речиси невидлив. Сепак не е само носот во прашање. Експертите велат дека исто така промена има и кај коскените јаболчници и обликот на вилицата.
Пластичните хирурзи признаваат дека побарувачката на нивните клиентки да изгледаат како Меган е се поголема.
„Меган има речиси совршен обликуван нос. Правилно и се сместени очите и нејзината брада е во облик на буквата V. Лицето е и со добар облик и е многу блиску на она што Грците го сметале порано за совршено“, вели естетскиот хирург Де Силва за британски „Експрес“.