(Фото) Тајна венчавка на Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт

Пејачката и глумица Мајли Сајрус се венча тајно со актерот Лиам Хемсворт, тврдат американските медиуми. 26-годишната Мајли и две години постариот австралиски актер се венчале во нивниот дом во Тенеси минатиот викенд, а на свадбата биле поканети само неколку нивни пријатели и роднини.

На инстаграм се појави видео на кое Мајли е облечена во бело, а Лиам во елегантен костум, на кое сечат торта. Двојката досега не потврди дека навистина се венчале.

Мајли и Лиам беа свршени во 2012 година, но се разделија една година подоцна. Се смирија по три години, во 2016 година, а неколку месеци подоцна открија дека повторно се вериле.

Scroll to Top