(Фото) Талија секси во црвен фустан на Латино Греми наградите

Мексиканската пејачка и глумица, Талија, ги собра комплиментите за изгледот на синоќешното доделување на Латино Греми наградите. На манифестацијата што се одржа во Лас Вегас, 48-годишната Талија носеше секси црвен фустан, креација од либанскиот дизајнер Жан-Луис Сабаџи и салонки од Кристијан Лобутин.  Таа ја прими наградата Premio de la Presidencia за нејзината долгогодишна музичка кариера.

Инаку, Талија е сопруга на музичкиот продуцент Томи Мотола. Кај нас е најпозната по улогата на Росалинда во истоимената серија.

Scroll to Top