(Фото) „Ти си најдобар сопруг и неверојатен татко“ – Меган му го честиташе роденденот на принцот Хари

Со колаж од неколку слики, на кои е со мајка му Дијана и братот Вилијам, и со порака дека е најдобриот сопруг на светот, Меган Маркл преку „Инстаграм“ му го честиташе 35 роденден на принцот Хари. Сликата е објавена на официјалниот инстаграм-профил на војводата и војвотката од Сасекс.

„Ти си најдобар сопруг и неверојатен татко на нашето дете. Те сакаме. Ти посакуваме најсреќен роденден,“ стои во пораката.

Во британските медиуми неодамна имаше написи дека нивниот брак е во криза, но тие овие пишувања ги демантираа со заеднички појавувања на јавни настани. За потсетување, во март оваа година Меган и Хари станаа родители, го добија синот Арчи.

Scroll to Top