(Фото) Тифани Трамп на летување кај момчето во Грција

Тифани Трамп својот летен одмор го продолжи кај својот дечко Мајкл Булос во Грција. Ќерката на американскиот претседател минатата недела беше во посета на Црна Гора, од каде отпатува во грчкото летувалиште Миконос.

Таа со богатиот наследник од Нигерија биле забележани и сликани од папараците на грчкиот остров. Светските медиуми пишуваат дека нејзиното здравје е нарушено и дека таа уште за време на посетата во Белград пред неколку месеци е во потрага по експертска медицинска помош.

Во јавноста се шпекулира дека Тифани за краток период се здебелила и дека физички целосно се има променето. Засега не е познато дали причините за нејзиниот изглед се од здравствен карактер.

 

Scroll to Top