(Фото) Том Круз се подмлади со филери

Глумецот Том Круз и синот Конор викендов беа на спортски натпревар во Сан Франциско. Малкумина го препознаа холивудскиот глумец затоа што ставил филери на лицето. Том направил естетска операција затоа што сакал да изгледа помладо.

Некои му напишаа дека само си направил полошо и дека лицето му е отечено од операциите, а други се пошегуваа и коментираа дека дошол на стадионот откако изел голем број хамбургери.

„Изгледа ли Том Круз како Норм Мекдоналд? Или тој ставил филери или камерата навистина дебелее. Не изгледа како Норм Мекдоналд, туку како да изел премногу мекдоналд-сендвичи“, му напишаа фановите.

Фотографијата ги изненади многумина, а повеќето не ни веруваат дека тоа е Том Круз.

Scroll to Top