(Фото) Тори Спелинг излезе во инвалидска количка од болница по пет дена

По пет дена поминати во болница актерката Тори Спелинг излезе во инвалидска количка. Последен пат е видена во средата заедно со пријател и медицинската сестра, која ѝ помогна да стигне до автомобилот.

Медиумите пренесоа дека не можела самата да стане и да се движи, па морале да ѝ помогнат. Имала и модринки на рацете и лицето.

За потсетување, ѕвездата од „Беверли Хилс“, неодамна заврши во болница поради проблеми со дишењето. На „Инстаграм“ се сликаше во болничка наметка и додаде дека има висок крвен притисок, дека во главата ѝ се врти и дека лекарите и направиле бројни тестови.

 

Scroll to Top