(Фото) Трамп ја одведе Меланија да гледа сумо-борење

Американскиот претседател Доналд Трамп заедно со сопругата Меланија за време на посетата во Јапонија беа дел од турнир во сумо-борење. Друштво им правеше јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Светските медиуми пишуваат дека првата дама на САД, Меланија, внимателно ја следела борбата. Претседателот на САД на крајот го додели пехарот на победникот. Сумо-борењето е еден од најомилените традиционални спортпви во Јапонија. Истиот се негува повеќе од стотина години.

Претходно Трамп заедно со Шинзо разговарал за трговијата меѓу двете земји, а претседателот на САД бил гостин и на новиот јапонски цар Нарухито .

„Земјоделството и говедското месо се во голема мера во игра. Нè очекува многу работа по парламентарните избори во Јапонија во јули, кога очекувам големи бројки“, напишал Трамп на својот твитер-налог.

Претседателот на САД е незадоволен од големиот суфицит во трговија со Јапонија и ја разгледува можноста за воведување  тарифа на увозот на јапонските автомобили.

Трамп на „Твитер“ порачал дека без разлика на своите соработници, тој не е вознемирен од тоа што Северна Кореја неодамна тестирала неколку помали ракети со краток дострел.

Scroll to Top