(Фото) Убавата ќерка на Антонио Бандерас му беше друштво на црвениот тепих

Холивудската ѕвезда Антонио Бандерас се појави на свеченото отворање на 69. меѓународен филмски фестивал во Сан Себастијан, Шпанија.

Славниот актер на црвениот килим пред палатата „Курсал“ во Сан Себастијан се појави во друштво на својата ќерка Стела дел Кармен Бандерас, која ја доби во бракот со актерката Мелани Грифит.

Таткото и ќерката во складен елегантен стајлинг беа ѕвездите на црвениот тепих. Стела инаку многу ретко се појавува на вакви настани и манифестации, па поради тоа, нејзиното присуство беше будно следено од фоторепортерите.

Стела, која е родена во Марбеља, Шпанија, има 24 години и сега планира да тргне по стапките на своите славни родители и полусестрата Дакота Џонсон.

 

Scroll to Top