(Фото) Убавата ќерка на Моника Белучи привлече големо внимание на ревијата на „Диор“

Дева Касел, ќерката на Моника Белучи вчера ја „украде“ ревијата на Диор на модната недела во Париз. Таа на ревијата се појави во широки тегет панталони и корсет во иста боја, а на себе носеше блејзер во тон со комбинацијата.

Едноставно, стилски избалансирано, и многу ефикасно и елегантно. Долгата црна коса и минималната шминка само го подобрија глам впечатокот.

Дева, која сега е заштитно лице на познатиот бренд „Долче и Габана“, како и нејзината славна мајка е на насловните страници на францускиот магазин „Ел“, а заедно со неа се фотографира и на насловната страница на италијанскиот „Вог“.

Моника Белучи од бракот со Винсент Касел, со кого се разведе, ги има ќерките Дева и Леона.

 

Scroll to Top