(Фото) Викторија ја избриша тетоважата посветена на сопругот

Брачниот пар Бекам познат е по љубовта што ја имаат меѓусебе. Имаат четири деца и успешни кариери. Сепак, последниве месеци се шпекулира дека тие ќе се разведуваат. Последните фотографии уште повќе ги подгреаа озборувањтаа затоа што Викторија Бекам целосно ја избришала тетоважата што ја посвети на сопругот Дејвид.

Натписот беше напишан на хебрејски „Му припаѓам на својот сакан, а мојот сакан ми припаѓа мене“. Викторија ова го имаше истетовирано на задната страна од вратот. Последната фотографија покажува дека таа толку многу ја избледнела тетоважата што таа одвај се гледа.

Викторија во 2015 година наводно почнала третман на ласерско отстранување на тетоважа, пишуваат медиумите.

Scroll to Top