(Фото) Внуката на Грејс Кели копија на славната актерка

19-годишната Камила Готлије многу потсетува на својата баба Грејс Кели. Сите што ја виделе младата девојка велат дека е копија на поранешната актерка, една од најубавите жени од златната ера на Холивуд.

Камила е ќерка на принцезата Стефани од Монако и на Дин Рејмон Готлије, инструктор по скијање, со кого Стефани била во врска по разводот со Даниел Дикрије.

Девојката е многу популарна на социјалните мрежи, особено на „Инстаграм“ каде што има бројни следбеници. Тие не штедат комплименти за нејзиниот изглед, а споредбите со нејзината славна баба се секојдневие.

„Таа е синоним за гламур, исто како и нејзината баба, принцезата Грејс од Монако“, пишуваат светските медиуми.

Грејс Кели починала на 13 септември 1982 година. Таа се враќала од Франција во Монако. Имала мозочен удар додека возела и ја изгубила контролата над автомобилот. Со неа се возела ќерка ѝ Стефани. Младата принцеза поминала без повреди, а Грејс починала следниот ден во болница.

Scroll to Top