Актерката Никол Кидман (51) се појави на црвениот килим во фустан од дизајнерот на Оскар де ла Рента и повторно покажа дека е елегантна . На наградите „АРИА“ таа дојде со внуката Луси Хали (20), ќерка на нејзината помлада сестра, Антони Кидман (48). Откако беа објавени сликте, на инстаграм-профилот на актерката обожавателите и пишуваа дека Хали многу посетува на славната тетка.
Никол е блиска со Луси, пособено по смртта на нејзиниот татко пред четири години. На годишната награда за австралиските музичари дојде да го поддржи сопругот Кит Урбан (51), која беше домаќин на настанот.
„Одам со внука ми на наградите на ‘АРИА’. Ние сме возбудени што домаќин е Кит“, Никол напиша на „Инстаграм“.
Актерката и музичарот неодамна ја прославија дванаесетгодишни бракот и ја споделија тајната на успехот со јавноста.
„Разговаравме секогаш кога сме оддалечени и се допираме кога сме заедно како што пред долго време си ветивме“, објасни Никол, која со сопругот Кит ги имаат ќерките Сандеј Роуз (10) и Фејт Маргарет (8).