Импозантна бронзена статуа од легендарниот пејач Френк Синатра е поставена во неговиот роден град Хобокен во Њу Џерси. Статуата е поставена на 106-годишнината од раѓањето на музичарот.
На свеченоста во Синатра Парк во неделата дојде и неговата најмлада ќерка Тина Синатра. Таа рече дека нејзиниот татко често се сеќавал на детството во индустрискиот град Хобокен, додавајќи дека таму тој научил да им се спротивстави на насилниците.
Статуата е дело на уметничката Керолин Палмер. Синатра е потпрен на улична светилка со едната рака во џебот, а другата го држи шеширот.
Синатра стана познат по неговите песни New York, New York, Strangers In The Night и My Way. Тој е роден на 12 декември 1915 година, а кариерата ја започнал во 30-те години од минатиот век.
Тој почина во Лос Анџелес на 14 мај 1998 година на 82-годишна возраст.