(Фото) Здебелена 15 килограми, Ријана рекламира секси долна облека

Светската ѕвезда Ријана од неодамна има и своја линија за долна облека. Таа пред крајот на минатата година ја промовираше колекцијата за Денот на вљубените, а сега, здебелена 15 килограми, повторно рекламира секси парчиња од новата линија. Вели, не е важна фигурата, секоја жена треба да изгледа заводливо. Новата колекција на Ријана, Fenty Beauty, е прилагодена за жени со различни конфекциски броеви.

„Сама сум најдобриот модел за тоа што го продавам. Не ми пречат моите вишок килограми, не треба да ѝ пречат ниту на една жена“ рекла пејачката.

Новата колекција ќе биде во продажба од 1 април.

Scroll to Top