(Фото) Зек Ефрон претерал со ботоксот

Актерот Зак Ефрон гостуваше во онлајн емисија на Фејсбук, по повод Денот на планетата Земја, и ги изненади фановите со изгледот. Популарниот глумец веќе не личи на себе, а неколку американски медиуми напишаа дека тој користел ботокс и дека овојпат претерал.

„Личи на лик од цртан филм, веќе не е холивудскиот заводник што сите го сакаа“, се дел од коментарите. Но, има и такви што бранеа и велат дека Ефрон изгледа чудно бидејќи се здебелил, но и затоа што има поизразена вилица, која ја скрши пред неколку месеци.

Откако го сними „Чувари на плажата“ во 2017 година, глумецот не води многу грижа за исхраната и изгледот, а и помалку да вежба, бидејќи за тој филм телото мораше да му биде во совршена форма.

„Кога го завршив снимањето на филмот, сфатив дека никогаш веќе не сакам да бидам во таква добра форма. Тоа беше многу тешко“, рече тогаш актерот, пушти брада и престана да вежба.

 

Scroll to Top