Поп-ѕвездата Бритни Спирс неколку месеци е во врска со фитнес-моделот Сем Асгари. Повеќето девојки ѝ завидуваат на изборот и на социјалните мрежи коментираат дека Сем е совршен маж. Но, со последната објава на „Инстаграм“ тој ги демантираше. Сем објави фотографии на кои бил предебел. И тогаш почнал да вежба.
„Мојата љубов кон храната беше вистинска. На првата фотографија сум трипати подебел од сега. Дури и на втората слика сонувам за чипс. Но, откако почнав да се хранам здраво решив да направам промени кај себе, па почнав и да вежбам“, напишал тој.
Сем додава дека е пресреќен што луѓето на коишто им се воодушевувал во фитнес-индустријата сега бараат совети од него.
Фотографии од Асгари постојано се објавуваат во списанија за фитнес, а бил и на неколку насловни страници.