Фотограф го тужи Џастин Бибер: Поради тебе сум инвалид

Пејачот Џастин Бибер пред две години по неделната миса во црква на Беверли Хилс со својот автомобил предизвикал сообраќајна несреќа. Тој прегазил фотограф, кој останал инвалид. По несреќата, младиот пејач веднаш излегол од автомобилот и се обидел да му помогне на повредениот фотограф. Станува збор за Вилијам Ламонт, кој сега поднел обвинение против пејачот поради таа несреќа.
„Останав траен инвалид поради него, емоционално сум оштетен и барам оштета“, рекол фотографот во судските документи, но во истите документи тој не прецизирал кои повреди му ги нанел Џастин Бибер при несреќата.

Scroll to Top