Фотографии од детството на Меган Маркл

Неколку дена пред свадбата на Меган Маркл и принцот Хари во јавноста се појавија неколку фотки од детството на актерката.

„Меган беше многу нормално воспитана, но секогаш знаевме дека е родена за големи работи. Сега таа го живее сонот на секоја девојка и ќе стане принцеза кога ќе се омажи за принцот Хари“, изјавила една нејзина пријателка од детството.

Таа била скромно воспитана. Нејзините родители се развеле одамна, па Меган живеела со својата мајка во мал стан со две соби и две бањи. Истата пријателка рекла дека нивниот стан бил културен, чист и добро организиран, а нејзината мајка имала тешка задача да ја одгледа сама по разводот.

 

Scroll to Top