Приватни фотографии од албумот на Меган Маркл кое кралското семејство се обидувало да ги сокрие од очите на јавноста, се појавија на социјалните мрежи. Засега не е познато кој и како успеал да ги објави овие фотографии.
На некои од фотографиите војвотката е снимена во лежерно издание, како спие со нејзиното куче и пие алкохол во алкохолизирана состојба. Тоа е нешто што кралските правила не го дозволуваат.
Меган откако стапи во брак со принцот Хари, била принудена да ги избрише сите профили кои ги имала на социјалните мрежи.
Сопругата на принцот Хари откако влезе во Бакингемската палата и стана дел од кралското семејство постојано е под будното око на јавноста. Папараците го следат секој нејзин чекор и ги ловат моментите кога таа ќе направи нешто што не го дозволуваат кралските правила.
Засега Меган се нема изјаснето по повод објавените фотографии, а останува нејасно како по овој скандал ќе реагира и кралицата Елизабета.