Франческо Тоти: Жана ми ме изневери, најдов пораки во телефон

Личниот тренер на сопругата на Франческо Тоти се споменува како главна причина за разводот на славниот фудбалер, пишуваат италијанските медиуми.

Во медиумите се шпекулираше дека главната причина за нивниот развод е неверство од страна на фудбалерот. Наводно целата ситуација со личниот тренер Кристијан Џован го натерала Тоти да падне во депресија, а потоа да ја обвини сопругата за неверство, но и дека таа наводно му ги украла скапите часовници.

Тие двајца се во брак од 2005 година, но почнаа да се забавуваат неколку години порано, па заедно се вкупно 20 години, од кои 17 беа во брак. 

Илари Бласи, сопругата на Тоти, долго време молчеше, но одлучила да каже што има преку својот адвокат Алесандро Симон, пренесува Corriere dello Sport.

„Отсекогаш правев сè за да ги заштитам моите деца и ќе продолжам да го правам тоа. Нивната безбедност е мој приоритет, секој е одговорен за своите постапки. Во последните години бев сведок на работи кои можат да уништат 50 семејства“, рече таа.

Тоти неодамна изјави дека Бласи не била покрај него кога му била најпотребна, но и дека во нејзиниот телефон нашол пораки кои го докажувале нејзиното неверство.

„Поминав низ тежок период, прво затоа што престанав да играм, а потоа дојде и смртта на татко ми кој почина како последица на ковид. Токму кога најмногу ми требаше сопругата, таа не беше таму. Во септември минатата година слушнав шпекулации дека Илари имала друг. Всушност, повеќе од една, а потоа открив пораки на нејзиниот телефон“, рече тој.

Scroll to Top