Фреди Меркјури доби улица во Лондон

Улица во лондонското преградие Фелтам во западен Лондон, каде Фреди Меркјури живеел како тинејџер, го доби името Freddie Mercury Close. На отворањето на улицата присуствуваше и сестрата на починатиот пејач на легендарната група „Квин“.

Семејството на Меркјури се пресели во Лондон, откако во време на револуцијата во 1964 година го напуштиле Занзибар. Семејството живеело на авенијата „Гледстоун“, близу делот каде што сега е преименувана улицата. На тоа место во 2016 година беше поставена спомен-плоча за Меркјури.

Популарниот пејач почина во 1991 година на 45 години од компликации предизвикани од сида. Неговата хуманитарна организација, The Mercury Phoenix Trust, беше основана по неговата смрт. Таа ги подржува неговите проекти за борба против ширењето на ХИВ-вирусот во светот.

 

Scroll to Top