Фризурата на Рот Стјуарт е хит на интернет, па и музичарот се шегуваше на своја сметка

Британскиот рок и поп музичар Род Стјуарт, освен по гласот, е познат и по својот необичен изглед и впечатлива фризура.

Неодамна, неговата препознатлива разбушавена фризура стана популарна на социјалните мрежи откако некој ја спомна неговата фризура покрај слика од трева околу бункер.

На профил на Твитер, на типичен британски начин, низ сарказам и иронија, се појави фотографија од бункерот со натпис „Род Стјуарт изгледа добро“

Твитот набрзо стана популарен, а фотографијата ја објави самиот музичар.

Твитерџиите беа воодушевени од неговиот потег и коментираа како една позната личност има одлична смисла за хумор, други го подржа што се шегува на своја сметка.

Scroll to Top