Гал Гадот ја роди третата ќерка

Израелската актерка Гал Гадот (36), која стана позната по улогата на Вондер Вуман, се породи со третото дете и  повторно женско. Таа објави фотографија од своето  семејство на Инстаграм и  откри дека бебето се вика Даниела.

„Не можам да бидам посреќна и поблагодарна и поуморна. Сите сме многу возбудени што ѝ посакуваме добредојде на Даниела во нашето семејство“, напиша актерката.

Таа веќе има две ќерки во бракот со Јарон Варсано, деветгодишната Алма и четиригодишната Маја. Кога во март потврди дека е бремена, Гадот не го откри полот на бебето.

Scroll to Top