Гал Гадот ќе настапи на Евровизија

By

Израелската глумица Гал Гадот, која се прослави во светот со улогата во хит филмот Wonder Woman, ќе настапи на финалето на Евровизија, потврдија организаторите. Евровизија оваа година ќе се одржи во Тел Авив, Израел, од 14 до 18 мај. Освен популарната глумица, своето појавување на Евросонг го потврдија и Кончита Вурст, Дејна Интернешнал, Верка Сердучка, Елени Фуреира и други.

Во ревијалниот дел на финалето, што ќе се одржи на 18 мај, треба да пее и поп-кралицата Мадона. Иако во светските медиуми се пишуваше дека таа ќе испее две песни, за кои ќе добие милион долари, нејзиниот настап сè уште не е официјално потврден, велат организаторите.

Продажбата на билетите за Евровизија почнува денеска, а нивната цена е помеѓу 50 и 500 евра.

Ќе ви се допадне

AnimeFreak animefreak avatar: Attack on Titan Season 3 (Dub) (https://animefreak.ws/m/G4N7) Episode 12

AnimeHeaven anime heaven org: That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 24