Бразилскиот модел Адријана Лима да го продаде луксузниот пентхаус во центарот на Њујорк во кој живееше со поранешниот сопруг, кошаркарот Марко Јариќ. Станот го продаде за 3,3 милиони долари, а го купи за 2 милиони.
Станот се наоѓа во Менхетен, а двојката го купила во 2003 година. Пентхаусот има повеќе од 200 квадратни метри, две спални, две бањи и огромна кујна и погледот на Централ парк. Зградата во која се наоѓа овој стан има фитнес-центар, базен, салон за масажи, ексклузивен ресторан само за станарите и паркинг.
Ова е втор обид на Лима да го продаде станот. Во 2013 година, непосредно пред разводот со Јариќ таа се обиде да го продаде за 5,5 милиони долари.