(Галерија) Адријана Лима го продаде станот во кој живееше со Марко Јариќ

Бразилскиот модел Адријана Лима да го продаде луксузниот пентхаус во центарот на Њујорк во кој живееше со поранешниот сопруг, кошаркарот Марко Јариќ. Станот го продаде за 3,3 милиони долари, а го купи за 2 милиони.

Станот се наоѓа во Менхетен, а двојката го купила во 2003 година. Пентхаусот има повеќе од 200 квадратни метри, две спални, две бањи и огромна кујна и погледот на Централ парк. Зградата во која се наоѓа овој стан има фитнес-центар, базен, салон за масажи, ексклузивен ресторан само за станарите и паркинг.

Ова е втор обид на Лима да го продаде станот. Во 2013 година, непосредно пред разводот со Јариќ таа се обиде да го продаде за 5,5 милиони долари.

Scroll to Top