(Галерија) Берлускони објави слики од сопругата на принцот Чарлс во костим за капење

Италијанското списание „Чи“, кое е во сопственост на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, објави фотографии од Камила Паркер Боулс, сопругата на британскиот принц Чарлс, во костим за капење. Папарацо сликите од 72-годишната Камила се направени неодамна, додека таа се сонча на јахта во Сардинија. Кралскиот потпарол за односи со јавноста, Ричард Фицвилјамс, изјави дека ваквата постапката на списанието е „одвратна и шокантна“ и дека со ова го „провоцираат кралското семејство“.

Не е првпат списанието на Берлускони да објави недолични слики од некој од ччленовите на британското кралското семејство. Пред неколку години во „Чи“ беа објавени фотографии од покојната принцеза Дијана со маска за кислород на задното седиште во „мерцедесот“, кои биле сликани веднаш по сообраќајната несреќа во Париз, во која загина Дијана.

Тогашниот главен уредник на „Чи“ рече: „Јас ги објавив фотографиите од многу едноставна причина, а тоа е затоа што тие никогаш порано не биле никаде прикажани. Ова не е слика што штети на сеќавањето на принцезата Дајана. Дури ја гледам како нежна и трогателна“.

За потсетување, неодамна во светските медиуми се појавија и слики од одморот на принцот Чарлс и Камила на Барбадос, а на кои, идниот крал на Британија носи цветни шорцеви за капење.

(Галерија) Принцот Чарлс во цветни шорцеви на плажа на Барбадос

Scroll to Top