Британскиот музичар Ед Ширан не го симнал погледот од војвотката Кејт Мидлтон, за време на годишниот настан „Royal Variety Performance“ во Лондон, пишуваат британските медиуми. Кејт и Вилијам ги оставија децата дома и отидоа на рандеву, открива извор од кралското семејство.
Откако прославија 11 години брак, тие дојдоа на манифестацијата, на која беше и Ед Ширан. Кејт се појави во смарагдно зелен фустан со светки од дизајнерката Џени Пакам, кој веќе го носеше во Пакистан во 2019 година. Косата и беше брановидна, а шминката малку посилна од вообичаено.
Таа разговараше со гостите, а многумина го забележаа начинот на кој Ед Ширан ја гледаше.
„Така повеќето луѓе гледаат на храната“, се пошегувале неговите пријатели.