(Галерија) Ед Ширан не го симна погледот од Кејт додека војвотката беше на рандеву со Вилијам на кое прославија 11 години брак

Британскиот музичар Ед Ширан не го симнал погледот од војвотката Кејт Мидлтон, за време на годишниот настан „Royal Variety Performance“ во Лондон, пишуваат британските медиуми. Кејт и Вилијам ги оставија децата дома и отидоа на рандеву, открива извор од кралското семејство.

Откако прославија 11 години брак, тие дојдоа на манифестацијата, на која беше и Ед Ширан. Кејт се појави во смарагдно зелен фустан со светки од дизајнерката Џени Пакам, кој веќе го носеше во Пакистан во 2019 година. Косата и беше брановидна, а шминката малку посилна од вообичаено.

Таа разговараше со гостите, а многумина го забележаа начинот на кој Ед Ширан ја гледаше.

„Така повеќето луѓе гледаат на храната“, се пошегувале неговите пријатели.

Scroll to Top