(Галерија) Георгина на Роналдо рекламира градници

Свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина, е ново заштитно лице на познатиот бренд за долна облека и костими за капење „Јамамаи“. Таа веќе ги сними фотографиите за нивната најнова колекција градници, и дел од нив сподели на социјалните мрежи.

Популарната Шпанка на дел од фотографиите прави балетски движења и вели дека е среќна што ѝ се вратила на својата најголема љубов од детството, играњето балет.

„Беше прекрасно и толку емотивно да ги доживеам повторно лекциите за танц што ме правеа толку среќна кога бев дете“, стои на фотографиите.

Scroll to Top