(Галерија) Гламур и висока мода од дома на доделувањето „Златен глобус“

By

Со два месеца задоцнување, викендов се одржа доделувањето на „Златните глобуси“ на Беверли Хилс. Поради пандемијата на коронавирусот, наградите годинава се доделуваа онлајн, преку платформата „Зум“. Некои од ѕвездите се приклучија онлајн, а други прошетаа на црвениот килим.

Ако претходните изданија имаше полна сала во хотелот „Беверли Хилс“ во Лос Анџелес, раскошен црвен килим, хумор, сатира и предвидливи награди, годинава „Златниот глобус“ траеше само три часа. Некои од номинираните се појавија во раскошни тоалети на високата мода, а други во дуксери и пижами.

На скромниот црвен килим се појавија само ланските добитници, кои годинава беа презентери, а водителките го водеа настанот од своите градови – Тина Феј од Њујорк, а Ејми Пулер од Лос Анџелес. Токму тие двете се најдоа на листата на најлошо облечени ѕвезди.

Иако годинава немаше класичен црвен килим, модата не изостана.

 

Особено се истакнаа актерките Селма Хаек, Џејн Фонда и Кетрин Зета Џонс.

Ѕвездата на Queen’s Gambith, Ања Тејлор Џој, се појави во специјално изработена смарагдно зелена тоалета на Кристијан Диор. Ања беше прогласена за најдобро облечена ѕвезда од повеќе модни критичари во Холивуд. Доследна на улогата, имаше и шаховски маникир.

 

Младата Џулија Гарнер носеше фустан на „Прада“, Аманда Сејфрид се појави во раскошен фустан со пердуви на „Оскар дела Рента“, а во фустан од истата модна куќа беше облечена и Кели Куоко.

Рене Зелвегер беше една од презентерките што чекореа на црвениот тепих во Лос Анџелес, а продефилира во црна тоалета со срцевидно деколте на „Армани“. Анџела Басет се појави во виолетова асиметрична тоалета на „Долче и Габана“, а Тифани Хедиш избра златна тоалета на „Алберта Ферети“.

Тина Феј („Версаче“), Ејми Пулер („Москино“) и Лора Дерн („Живанши“) се одлучија за црни костими, кои предизвикаа спротивставени мислења кај критичарите.

Кери Мулиган се јави во бледорозова тоалета на „Прада“, Кејт Хадсон во црна тоалета со сребрени детали на „Луј Витон“, која е спој на тренди и ретро нота, а ѕвездата на Emily in Paris носеше фустан на „Сен Лоран“.

Од дамите што имаат долгогодишно искуство на „Златниот глобус“ тука беа Никол Кидман во црно-златна тоалета на „Луј Витон“, Оливија Колман во црн костим со сребрен блејзер на „Армани“, Мишел Фајфер во „Валентино“ и Реџина Кинг во „Луј Витон“.

Талентираната актерка Ема Корин од The Crown избра креација на „Миу Миу“, чија комбинација модните критичари ја нарекоа модно најсмела поради што доби епитет женската верзија на Хари Стајлс, а внимание привлече и Ел Фанинг во „Гучи“.

Актерките Кристин Виг во „Прада“ и Марго Роби во „Шанел“ се најдоа на листата на најлошо облечени.

Што се однесува до наградите, за најдобар филм и режија беше избран филмот Nomadland. Актерот Саша Барон Коен ја доби наградата за најдобра комедија за филмот Borat: Subesquent Moviefilm. The Crown беше прогласена за најдобра телевизиска драма, Ема Корин за најдобра актерка, а Џош О’Конор за најдобар актер во истата категорија.

Ќе ви се допадне

AnimeFreak amine freak tv: The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview

AnimeTV anime tv dragon ball: Watch Black Clover (Dub) Episode 101