(ГАЛЕРИЈА) Гвинет Палтроу се омажи по втор пат

Актерката Гвинет Палтроу викендов во Лос Анџелес организираше забава на која присуствуваа околу 400 гости, а за која светските медиуми денес зборуваат дека е всушност нејзина втора, свадба.

Имено, таа минатата недела во друштво на најдобрите пријателки, отпатува за Мексико, каде и се случи моминската вечер, а завчера театарот во Лос Анџелес беше местото каде пристигнаа бројни познати ѕвезди, дотерани и со пораки за среќен брак на актерката и нејзиниот избраник, продуцентот Бред Фалчук.

Гвинет се појави во бордо фустан, креација на Џамбатиста Вали, додека Фалчук се одлучи за бело сако и црни панталони со пеперушка. Нејзиниот избор натера многумина да се запрашаат дали се работи за прослава на свршувачката (која претходно се случи во тајност) или за венчавка

Она што е сигурно е дека голем број пријатели дојдоа да ја прослават нивната љубов, а меѓу нив и Џенифер Анистон која се појави во едноставен, тесен црн фустан и црн чокер.

Црната беше изборот и на Рис Витерспун која се појави во мини фустанче, како и на Џулија Робертс, која носеше светкав комбинезон.

Бремената Кејт Хадсон одбра долг жолт фустан со карнери, одека пак Камерон Дијаз се одлучи за црвен светкав фустан на преклоп.

 

Лив Тајлер беше облечена во црно свечено одело, што е асполутен тренд веќе неколку сезони, додека Деми Мур се одлучи за портокалово-црвена креација со мрежа и апликации.

Scroll to Top