(Галерија) Хајди Клум презадоволна на медениот месец со 29-годишниот музичар

Топ-моделот Хајди Клум и нејзиниот 17 години помлад сопруг Том Каулиц повеќе од дваесет дена се на меден месец во Италија. Тие крстарат на италијанското крајбрежје, секојдневно споделуваат слики и видеа од романтичното патување и не кријат дека уживаат. Но, светските медиуми објавија и папарацо слики од јахтата на која пловат младенците. На фотографиите Хајди лежи топлес покрај сопругот, тие не престануваат да се бакнуваат, а имаат и секс-предигра, пишуваат медиумите.

46-годишната Клум и 29-годишниот Том тајно се венчаа во февруари годинава, а на почетокот на август направија свадба на јахта за своите најблиски пријатели. Веднаш по свадбата тие продолжија на меден месец, а таму со нив беа и децата на Хајди, но и братот-близнак на Том. Тогаш се појавија слики на кои манекенката се сонча топлес пред својот девер и тие предизвикаа негативни коментари во јавноста.

Инаку, ова е трет брак за Хајди – таа прво беше во брак со стилистот Рик Пипино, од кого се разведе во 2002 година, а потоа имаше љубовна врска со Флавио Бријаторе, со кого има едно дете. Клум седум години беше во брак со музичарот Сил, со кого има три деца. Пејачот на „Токио хотел“, пак, претходно беше оженет со Риа Сомерфилд, од која се разведе минатата година.

Scroll to Top