(Галерија) Како изгледаат глумците од „Топ ган“ по 34 години

Триесет и четири години по светската премиера на „Топ ган“, публиката конечно ќе го види новото продолжение на филмот кој го прослави Том Круз. Приказната за пилотот Маверик, врската со инструкторката Чарли Блеквуд (Кели Мек Гилис), пријателството со Гус (Ентони Едвардс) и ривалството со Ајсмен (Вал Килмер), дополнета со одличниот саундтрек, го направија „Топ ган“ еден од најпопуларните филмови во 1980-те.

„Топ ган: Маверик“ е веќе снимен, а премиерата е закажана за 23 декември оваа година. Погледнете како денес изгледаат актерите кои глумеа во филмот од 1986 година.

Том Круз

Круз го глумеше главниот лик, Пит Мичел Маверик. Глумецот во последните три децении освои Оскар, Златни глобуси, се ожени и разведе три патии (Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс). Има три деца, ќерките Избела и Сури и синот Конор.

Кели Мек Гилис

Инструкторката Чарли Блеквуд, иако постара од Маверик, почнува љубовна врска со младиот пилот. МекГилис не се појавува во вториот филм. Таа откри дека продуцентите воошто не ѝ се ни јавиле да ѝ кажат дека ќе се снима нов филм. Во кариерата беше номинирана за Златен глобус за филмот „Сведок“. Се мажеше два пати. Од 1990 до 2002 година беше во брак со Фред Тилман. Во 2009 година призна дека е геј, па во 2010 година се омажи за Мелани Лајс. Следната година се разведоа.

Вал Килмер

Поручникот Том Ајсмен Казански беше најголемиот ривал на Маверик. Килмер пред неколку години призна дека имал рак на грлото заради кој имал бројни операции. Глумецот правеше и пластични операции на лицето, па веќе не личи на себе споредено со 1980те. Беше во брак со глумицата Џоана Воли со која има две деца.

Ентони Едвардс

Најдобриот пријател на Маверик, Ник Гус Бредшо го глумеше Ентони Едвардс. Глумеше и во серијата „Итна служба“, освои Златен глобус и четири номинации за Еми. Има четири деца со поранешната сопруга Џенин Лобел.

Мег Рајан

По улогата на Керол, сопругата на Гуд, кариерата на Рајан тргна по нагорна линија. Глумеше во неколку холивудски блокбастери и романтични комедии, се омажи со Денис Квејд кого го остави за Расел Кроу. Има две деца, синот Рајан и ќерката Дејзи која ја посвои во 2004 година.

Тим Робинс

Робинс имаше мала, незабележителна улога во „Топ ган“. Потоа глумеше најчесто во драми, а освои и Оскар во 2004 година за филмот „Мистична река“. 21 година беше во врска со Сузан Сарандон. Никогаш не се венчаа.

Ејдријан Пасдар

Улогата на поручникот Чарлс Чипер Пајпер беше прва во кариерата на Пасдар. По ова глумеше најчесто во серии и филмови од франшизата на Марвел. Беше во брак со пејачката Натали Мејнс од „Дикси чикс“, со која го има синот Џексон.

Мајкл Ајронсајд

Познатиот глумец во „Топ ган“ го толкуваше ликот на Рик Џестер Хартли, инструкторот по летање на Маверик. Во кариерата глумел во преку 50 филмови. Женет е со Керен Динвиди од 1986 година и имаат едно дете.

Том Скерит

Пред да глуми татко на Џулија Робертс и Дру Баримор, Скерит го играше ликот на Мајк Вајпер Меткалф, кој му помогна на Маверик да се справи со смртта на Гус. Освои Еми за улогата во драмата „Дрвени огради“.

Scroll to Top