(Галерија) Ким Кардашијан и Кање Вест не можат да ја продадат вилата во Лос Анџелес

Популарната двојка Ким Кардашијан и Кање Вест не можат да ја продадат вилата во Лос Анџелес, затоа што бараат премногу париза неа. Телевизиската ѕвезда и раперот не можат да најдат купец и поради неуредениот простор, сметаат агентите за недвижности.

„Кање и Кардашијан за семејниот дом бараат 3,5 милиони долари, а во него речиси нема мебел. Домот изгледа монотоно и застрашувачки“, велат агентите.

Ким и Вест живеат во помала куќа во градот Калабасас во Калифорнија, кој иако изгледа многу помал и поедноставен, тој е многу поудобен од големата вила. Вилата е со површина од 210 квадрати и има три спални соби и четири бањи.

Мебелот е направен по мерка. Украсен е со спектакуларни ткаенини кои се во согласност со кујната, има скапи лустери, под направен од даб и едноставна трпезариска маса со столови без наслони за грб.

Ким ја купи оваа вила во 2017 година за 1,6 милиони долари, а медиумите пишуваат дека популарната двојка неодамна купила уште два стана и сега сакаат да се ослободат од домот што не го користат.

Scroll to Top