Ким Кардашијан по подолго време конечно се отвори и зборуваше за својот приватен живот. Таа за списанието „Вог“ зборуваше за разводот од Кание и рече дека во минатото се трудела многу само за да ги направи другите среќни, додека себе се ставала во втор план.
На крајот одлучила дека е потребно да биде искрена кон себе и да ја избере нејзината среќа.
„Во последните две години направив сè за да бидам јас таа што ќе биде среќна. И тоа е добро чувство. Можете да бидете повредени или да им се лутите на вашите поранешни партнери, но мислам дека пред децата секогаш треба да речете дека тие се најдобри. Разводот и така беше доволно тежок за нив, а опсесијата на Кание со контролата и манипулирањето на целата ситуација негативно влијаеше на сите нас и само ни задаваше уште поголема болка“, рече Ким.
Таа за насловната позираше со своите деца, а Кание потоа на својот профил ги објави фотографиите ѝ ја замоли за прошка.
View this post on Instagram
„Господе обедини го нашето семејство повторно“, рече раперот.
За потсетување, двајцата некое време се препукуваат преку социјалните мрежи поради присутноста на нивната ќерка на Тик-ток. Тоа е нешто што Ким го поддржува, но Кание не.
Раперот рече дека на едно дете не му е место на социјалните мрежи и дополни дека со тоа се согласуваат и неговите пријатели, но се плашат од сестрите Кардашијан за да го поддржат јавно.