(Галерија) Клои Кардашијан го прослави 38. роденден со ќерка си

Клои Крадашијан го прослави својот 38. роденден со четиригодишната ќерка Тру Томсон. Кардашијан сподели фотографии на социјалните мрежи од прославата, облечени и двете во розови фустани и розова декорација.

dobivaj vesti na viber

Клои Кардашијан направила повеќе од четиристотини фотографии за да ги одбере најдобрите за на социјалните мрежи.

Четиригодишната ќерка на Ким Кардашијан, Чикаго, исто така била дел од роденденската забава и носела фустан со светки по повод роденденот на нејзината тетка.

Клои неодамна во интервју со водителката Аманда Хирш откри дека не се чувствува осамено како самохрана мајка, туку исполнето што ѝ посветува внимание на Тру.

Клои беше во брак со кошаркарот Тристан Томпсон со кого комуницира само кога станува збор за заедничкото родителство.






Scroll to Top