(Галерија) Куќа со поглед на океан, Метју Меконaхи купи вила на Хаваи

Познатиот холивудски актер Метју Меконaхи купи нова куќа на Хаваи за 7,85 милиони долари. Резиденцијата „Капулеху“ е градена по нарачка и има површина од 650 квадратни метри.

Има прекрасeн поглед на океанот и базен широк 20 метри. Местото потсетува на водечките светски одморалишта со пет ѕвезди.

Куќата има шест спални соби, шест комплетно опремени бањи, еден тоалет, канцеларија, медија-соба, вински подрум, две гаражи и две крошни за голф-автомобили. Исто така, има и два апартмана, два базена, два надворешни камина, па дури и терен за куглање.

Scroll to Top